Опозицијата го бара главниот обвинител во Собрание!, Јовески не оди со образложение “службени обврски“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 5 седници за пратенички прашања, на 3 главниот обвинител Љубомир Јовески не присуствувал. Ова не е во ред, вели координаторот на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски фрлајќи сомнеж случајно главниот обвинител да не се плаши да одговара пред пратениците кои го избрале.


Пратеникот Димитар Апасиев, предложи законски измени со кои би се казниле функционерите кои не одат во Собрание, а тоа им е законска обврска.


Потпретседателот на Собрание, Горан Мисовски вели дека Јовески не направил прекршување бидејќи писмено ги известил за неможноста да присуствува.


Член 27 од законот за обвинителство предвидува јавниот обвинител за неговата работа и работата на Обвинителството да одговара пред Републичкото собрание.