Опозицијата со критики за платформата – „Ако наставата не почне утре, Царовска да поднесе оставка“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На само еден ден пред почеток на новата учебна година, се вклучува алармот за Националната платформа за учење од далечина.

ВМРО-ДПМНЕ понуди помош од ај-ти експерти со цел надминување на пречките за време на одржувањето на онлајн наставата, додека Алијанса за Албанците бара учениците и наставниците кои немаат технички уреди за следење на онлајн наставата, да бидат вклучени во владините мерки за борба против економските последици предизвикани од Ковид-19.