Лидерот на најголемата грчка опозициска партија ПАСОК, Никос Андрулакис, денеска најави дека следната недела партијата ќе поднесе барање за гласање недоверба на владата на Нова демократија и премиерот Киријакос Мицотакис во врска со заклучоците објавени денеска од истрагата а железничката несреќа во превојот Темпи на 28. февруари 2023 година.
Ноќта на 28 февруари, два воза патнички и товарен се судрија во близина на градот Лариса, централна Грција. Во трагедијата загинаа 57 лица, повеќето студенти кои се враќаа на своите Универзитети по викендот. Покрај тоа 81 лице биле потешко повредени, 99 се здобиле со полесни повреди.
„Мислам дека секој кој ја виде прес-конференцијата ги видел податоците на кое име сме го фокусирале нашиот интерес повеќе месеци и доаѓаме до еден заклучок: Владата има тешка одговорност, криминални грешки и веднаш преземаме иницијатива за гласање недоверба“, изјави Андрулакис.
Тој ја обвини владата дека го одложува спроведувањето на договорот за изградба на далечински управувач на возниот сообраќај, кој според него ќе ја спречел катастрофата. Андрулакис исто така го обвини кабинетот дека се обидел да ја прикрие одговорноста на тогашниот министер за транспорт Костас Караманлис за донцењето и не дозволил да биде кривично гонет.
