Опозицијата во Јужна Кореја побара отповикување на претседателот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шест опозициски партии во Јужна Кореја поднесоа предлог за отповикување на претседателот Џун Сук Јеол, откако тој се обиде да воведе вонредна и воена состојба во земјата.

Јужнокорејскиот претседател Џун прогласи вонредна состојба во телевизиско обраќање доцна во вторникот, обвинувајќи ги „антидржавните сили“ дека ја попречуваат неговата влада и ја поддржуваат Северна Кореја.

Шест часа подоцна, тој ја укина воената состојба откако парламентот гласаше против.

Би-Би-Си наведува дека гласањето за смената на Јун треба да се одржи во следните 72 часа, а претседателот на парламентот Ву Вон-сик би можел да свика седница на која ќе се разговара за импичмент за два дена.

За да се усвои предлогот потребно е двотретинско мнозинство во парламентот кој има 300 пратеници, што значи дека за смената треба да гласаат најмалку 200.