Опозицијата во Косово бара разрешување на владата на Курти и распуштање на Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на пратеничката група на ААК во Косово, Бесник Тахири на денешната прес-конференција изјави дека оваа власт „успеа само да ѝ нанесе штети на државата и го врати Косово во најтемната точка“. Тој побара да се разреши владата предводена од Албин Курти и да се распушти Собранието.

– Ние подготвивме барање за парламентарна дебата за тригодишнината од ова лошо владеење, кое реално успеа само да ѝ нанесе штети на државата и го врати Косово во најтемната точка која никој не можел да ја замисли, рече Тахири.

Според него, премиерот Курти се предал и самиот бара предвремени избори.

– Сепак, радува што вчера премиерот Курти и самиот го кажа тоа и сфатил дека треба да поднесе оставка и земјата да оди на избори. Кога на почетокот на овој мандат претседателот (на ААК, Рамуш) Харадинај рече дека (Курти) е измамник, луѓето гледаа со неверица. Она што ги карактеризира овие три години е дека оваа влада не стои зад ниту една одлука, а како што и самите видовте, премиерот се предаде во третиот мандат и бара земјата да оди на избори, рече Тахири.