Опозициски пратенички прашања – до каде е законот за правична застапеност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ајдари постави прашање за вицепремиерот Изет Меџити за тоа до каде е законот за рамноправна застапеност.

Не се спротивставивте на укинувањето на Балансерот, а повеќе од 9 месеци не сте го донеле овој закон, рече Ајдари.

„Ако не сте го донеле во Собранието законот за правична застапеност или не е објавен во јавноста или кој работи во таа работна група, реално ние прашуваме за кого работи оваа работна група, за Албанците, за балансирање на системот или за нормализирање на дискриминацијата која што изгледа е прифатена и за Албанците кои што се во власта“, порала Рина Ајдари.

И самите вие од ДУИ дадовте мислење дека на Балансерот му поминал рокот а сега за прв пат ќе има закон со кој ќе се уреди правичната застапеност одговори Меџити.

„Јас како заменик премиер, за прв пат во Македонија, ви кажуваме дека ќе имаме закон за правична застапеност во јавната администрација. Како за информација оваа работна група ја водам јас и господинот Фетаи со експерти од сите субјекти кои што се дел од мнозинството“, вели Изет Меџити.

 Ајдари се надоврза на оваа тема и му постави прашање и на министерот за социјална политика Фатмир Лимани за тоа зошто не се вработуваат Албанци во институциите, а наместо тоа се предлагаат од други етникуми. Лимани со конкретни примери наведе каде се има назначено Албанци.

„Кога ќе ви се даде можност да предлагате некаде во управен одбор вие го предлагате господинот Стефановиќ, овде јас ја имам одлуката, неговото вработување претставник на српската заедница. Значи каква порака давате овде“, вели Рина Ајдари.

„Прашањето на едно именување кое го истакнавте во Чаир бидејќи бил Србин, значи за ваша информација во Бутел Албанци, во Карпош Мајски цвет Албанци, во Чаир Фидани Албанци значи претставникот е Албанец, во Центар претставникот е Албанец, повторно во Центар имате Албанец, значи повторно во Центар Кочо Рацин Албанец“, вели Фатмир Лимани.

Рина Ајдари од Европскиот фронт го потсети министерот за европски прашања Орхан Муртезани на ветувањата што ги дадоа дека ако не се смени Уставот за 6 месеци тие ќе излезат од власта. Тој рече дека периодот од 6 месеци не е за влез или излез од владата, но повтори дека приоритет на владината коалиција е да се најде решение за евроинтегративниот пат.