Почитувани сограѓани на нашиот Чаир, на Општината која како најголема вредност го има токму диверзитетот кој го претставува. Како такви, се собравме овде денес на 11 Јули, еден значаен датум во спомените на бошњачкиот народ, во чест на жртвите на масакрот во Сребреница, токму поради симболиката кој го има овој датум за да поставиме уште еден камен во темелите на нашата соработка давајќи гаранција за нашата заедничка иднина во Чаир.
Со издигнувањето на знамето, даваме јасен сигнал за официјализирањето на бошњачкиот јазик во Општина Чаир. Овој чекор освен што беше наше ветување е и неоспорливо право на нашите сограѓани.
