На територијата на Општината Ѓорче Петров, се забранува сушење на алишта во дворовите со поглед кон улица и плоштад. Ова го објави градоначалникот на Општината Ѓорче Петров, Александар Наумоски кој на својот „Фејсбук“ напиша дека Општината усвоила измени во Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување.
Во дворните места се забранува оставање, складирање, односно собирање на каква било амбалажа, кабасти предмети од домаќинството, градежен и друг отпад и какви било други предмети што предизвикуваат нагрдување на изгледот и неуредност на просторот.
Во дворните места што се со поглед кон улица или плоштад, не е дозволено:
– сушење на алишта,
– тревата да биде повисока од 10 см,
– да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина,
– гранчињата на украсните и жбунести растенија да ја преминуваат регулационата линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето.
Ова наиде на остри критики кај жителите кои коментираа дека Општината не ги решила другите поголеми проблеми, па стигна да забранува сушење на алишта.
Општина Ѓорче Петров ја измени одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување. Со неа се забранува?
Целата…
Posted by Aleksandar Naumoski on Tuesday, August 25, 2020
