Бучавата и метежот во зелените пазари во Куманово денес се заменети со тишина. Пазарот празен а и целиот град мирува. Општина Куманово донесе одлука сите зелени пазари да се затворат додека трае пандемијата со ковид 19.
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вели ќе донесе мерка за ослободување од плаќање на закуп за фиксни и мобилни тезги на двата зелени пазари за период кој што трговците нема да ги користат.
„Излеговме со став да се затворат зелените пазари со едниоснтвена цел, бидејќи има неконтролиран промет на луѓе и концентрација на луѓе на еден затворен простор. Каде што истиот не дава такви можности да правите контроли на самите лица кои што пазарат но воедно и самата стока која што се продова може да биде предмет на дополнително ширеше на вирусот“, истакна Максим Димитриевски
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски стои на тоа дека целиот град Куманово треба да биде изолиран.
„Треба да се затвори градот поради превенција, да не влегува дополнително вирусот во градот и да се врши интензивна дезинфекција и да не излегува од градот. За жал добивме информации од вчера до денес имаме уште еден случај од Куманово. Ние контактираме со сите кои се позитивни на тестот и ооштината стои за секаков вид на помош за сите граѓани“, додава Димитриевски.
Инаку од СВР Куманово известуваат дека вчера имало 4 прекршувања на полицискиот час 3 лица од нив поминале со опомени.
