Општина Ресен го вработи Васил Јанкула

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После Град Скопје, и општина Ресен вработи лице со посебни потреби. Станува збор за Васил Јанкула кој во иднина ќе се грижи за организација на спортски натпревари за хендикепирани лица и лица со посебни потреби.

Се огласи градоначалникот Живко Гошаревски кој ја сподели оваа вест на „Фејсбук“.

Ваков потег пред неколку дена направи и Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов кој го вработи Александар Матовски (Цако).