И покрај тоа што беше ветено пред неколку недели, иницијативата на Движењето против коцкање за референдум не беше ставена на дневен ред на Советот на општина Тетово ниту во текот на месец април. Претседавачот на Советот Бесар Дурмиши вели дека разговарал со координаторите на политичките партии и средбата е одложена за 20 мај за да се види можноста во Тетово да се организира референдум за отстранување на игрите на среќа од градот.
„Имавме координација со движењето против коцкање каде бевме сите координатори кои сме во составот на овој општински совет и се договоривме на крајот на овој месец некаде на 20 мај да се сретнеме, ние ќе излеземе со унифициран став како да продолжиме со нашите заеднички активности, додека иницијативата е во рамките на Движењето против коцкање“, вели Бесар Дурмиши.
Движењето против коцкање пред неколку недели соопшти дека дебатата во општина Тетово била организирана пред четири месеци, а средбата била свикана по четири месеци.
„Побаравме овој референдум да се спроведе што е можно поскоро, но со намерно и ненамерно одолговлекување во општина Тетово се одложи, намерно, ненамерно или според обврските што ги има, бидејќи поминаа четири месеци од дебатата што ја имавме во општина Тетово“, порача Јуши Емурлау.
Од Движењето против коцкање ветуваат дека ќе организираат референдум во сите градови на Македонија, бидејќи законот што треба да се донесе во Собрание се одолговлекува, а и да се донесе не предвидува дека игрите на среќа, казината и обложувалниците целосно ќе бидат отстранети од градовите.
