Општина Тетово најавува дека ќе руши куќа, семејството Рушити вели дека судскиот процес не е завршен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Ислам Рушити. Во известувањето што го добил од општина Тетово пишува дека неговата куќа ќе се руши в понеделник. Дури и градоначалникот, Биљал Касами, вчера изјави дека ќе биде побарана помош и од полицијата за спроведување на судската одлука со цел отворање на патот за изградба на булеварот „Благоја Тоска“.

-Досега максимално се заложивме да се договориме со граѓанинот кој во моментов не го прифаќа она што го кажува законот. Веруваме дека в понеделник со помош на полицијата ќе биде отстранета последната пречка и ќе продолжат активностите за завршување на целиот булевар. Неговата реализација е работа и обврска на општина Тетово-вели Касами.

Но, Рушити, кој живее во оваа куќа веќе 60 години, вели дека предметот сѐ уште е на суд.

-Сѐ уште сме во судски процес за рушење на оваа куќа. Тој можеби рекол така, но ние сме на суд. Кога ќе ги решиме работите на суд, тогаш може да влезе тука. Оваа куќа е 350 метри квадратни, а нам ни остануваат само 80, и не сум само јас со 80 м2, има уште многу куќи. 30 од градбите се помали. Уште од кога планираа да го отворат овој пат почнувајќи од „Текстилец“ сите ни кажаа дека делот кој ќе остане може да се гради, а другиот ќе ни го земат. Сите ни кажаа кој е градоначалникот на Тетово-изјави Рушити.

За Рушти проценката за куќата од 76.000 евра е неприфатлива, затоа вели дека ќе го брани својот имот до крај!

-Ќе останеме овде. Додека не заврши прашањето на суд, ние ќе останеме тука. Си го бараме своето, тој сега може да дојде…. не може да нѐ избрка, уште сме на суд. Сè уште не е одлучено и тоа му е многу јасноп-рече Рушити.

Согласно документацијата, последното судско рочиште е одржано на 25 мај годинава, каде било побарано супер-вештачење за проценка, кое сѐ уште не е направено. Поради тоа, семејството Рушити ги нарекува незаконски обидите на општинските власти да ги отстранат од нивниот дом. Според нив, приватните проценители, вредноста на нивната куќа ја процениле на над 120.000 евра.