Општина Центар воведува паметен систем за следење на бучавата во критични делови на градот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Центар започна со поставување на паметен систем за мерење на бучавата на 30 критични локации низ градот, со цел континуирано следење на звукот и навремено алармирање кога нивото на бучавата ќе надмине дозволените граници.

Според градоначалникот Горан Герасимовски, досега се инсталирани 19 уреди на улиците Дебар Маало, „Орце Николов“, „Мирослав Крлежа“, „Отон Жупанчиќ“ и на локациите „Боемска 1“ и „Боемска 2“.

Во наредниот период, системот ќе се прошири и на други локации, меѓу кои улиците „Ленинова“, „Капиштец“, „Буњаковец“, кејот „13 Ноември“ и Кале.

Герасимовски истакна дека со воведувањето на ваквите современи решенија, Општина Центар има за цел да обезбеди помирен и поудобен живот за граѓаните.