Македонија е најцентрализирана земја во Европа и регионот, затоа тешко е граѓаните да се мотивираат за плаќање данок, рече градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари по повод потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу неколку општини во Македонија и САД за Меѓународен развој, за проект за креирање партнерство и овозможување подобар општински
буџет.
Според Таравари државата треба да спроведе фискална децентрализација со цел повеќе пари да се враќаат во општините.
„Ја поминавме пандемијата со Ковид 19, сега енергетската криза а да не зборуваме за поселдните случувања со војната Русија-Украина, сето тоа влијае на поскапувањето, сиромаштијата на граѓаните кои се помалку плаќаат данок а тоа е единствениот финансиски извор на општините. Со централизирана држава и општество навистина е тешко да функционираме“, вели Таравари.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска рече дека процесот на фискална децентрализација
е потребен за општините да создадат подобри услови за граѓаните и да се зајакне стабилноста на локалната власт.
Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнз рече дека САД продолжуваат со поддршка за општините во Македонија со зголемување на капацитетот и независно менаџирање на
ресурсите за нудење подобри услуги на граѓаните.
КЕЈТ МЕРИ БРНЗ, АМБАСАДОР НА САДЕ ВО РСМ
„Вашето партнерство и нашата програма се можност за вас со цел значително да се намалат заканите од корупција, за создавање и зајакнување на соодветно системи на отчетност кои нудат квалитетни општински услуги“, рече Брнз.
Таа додаде дека транспарентниот буџет ќе влијае и на привлекување приватни инвестиции.
Заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски додаде дека побарале да се подобри транспарентноста во отчетноста на општините.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими рече дека за подобрување на финансискиот капацитет
на општините и подобри услуги за граѓаните, тие работат на сеопфатна реформа за унапредување
на фискалната децентрализација.
