Општинскиот кризен штаб Куманово на денешната седница ги повика граѓаните да ги добиваат информациите од штабот, аптеките да воведат дежурства, а згрозените семејства да побараат асистенција за набавка на неопходни продукти.-Апел до граѓаните при појава на какви било симптоми, кои можат да укажат на инфекција со коронавирусот веднаш да го исконтактираат својот матичен лекар и доколку бидат упатат до болница да не одбиваат хоспитализација ако тоа им е препорачано од дежурниот лекар, стои во известувањето од штабот.Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации.Општинскиот штаб за заштита и спасување досега има информација дека дежурна аптека во градот е Провиталис (031 415 303). Штабот апелира и до другите аптеки во градот да воведат ваква услуга за дежурства и да ја почитуваат одлуката за Комисија за здравство и Владата, и за тоа да го известат штабот. Најзагрозени социјални случаи за асистенција при набавка на неопходни продукти, можат да се јавуваат на телефонските броеви 075 207 126 и 077 71 94 94. Согласно мерките на Владата и информацијата од МВР, земјоделците што имаат неодложни активности поврзани со производство во атарот на своите села, ќе можат да го обработуваат своето земјиште. Согласно препораките на Владата и информацијата од МВР сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга, работно ангажирање и друго.) да го најават своето излегување на телефонскиот број 192 .–Бараме од Владата под итно да донесе мерка со која ќе овозможи работа на маркети и продавници кои ќе вршат телефонска и он лајн продажба на прехранбени продукти и диструбуција до купувачите на домашна адреса во деновите кога трае целодневниот полициски час, се вели во соопштението на штабот.
