Одделувањето на пакетот Македонија-Албанија е најголемата грешка на Европската унија. Ова тука во Охрид го изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој се понуди да биде посредник во како што рече билатералните проблеми со Бугарија, за како што рече изнаоѓање на решение прифатливо за двете држави. Орбан рече дека одвојувањето е тешко да се разбере, но додаде дека Македонија преговорите мора да ги започне до крајот на оваа година, поврзувајќи го со времето во кое со ЕУ претседава Унгарија.
Тој додаде дека за Унгарија е важен Западен Балкан да биде интегриран во ЕУ и подвлече дека Македонија е ставена во држави од втор ред, поради Украина и Молдавија, потенцирајќи дека тоа не е чесно. Додаде дека најважна е борбата на една нација за зачувување на националната гордост. Премиерот на државата Христијан Мицкоски пак повика граѓаните да не губат надеж, за оддвојувањето на пакетот рече дека среќни за тоа се само бугарските политичари и опозицијата дома. Најави дека ќе продолжат домашните реформи, бидејќи дома има напластени многу проблеми од претходната Влада. Изрази надеж што има пријател како Виктор Орбан кој може да ги пренесе ставовите ѝ во Европската унија.
Мицкоски и Орбан се сретнаа по 18-ти пат, а по повод 30-години од односите меѓу двете држави, веќе премиерите ја закажаа и следната меѓувладина седница во Унгарија. На новинарско прашање во однос на 500-те милиони евра, Орбан рече дека не доаѓаат од Кина, бидејќи кинеските пари поради договорот не смеат да ги трансферираат кон други држави и тие мора да завршат во унгарски проекти. Јовица Пауноски, ТВ21, Охрид.
