Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека сè уште не ги обновува испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“, со што ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија.
„Испораките на нафта мора веднаш да се обноват! Знаеме дека нафтоводот е оперативен. Знаеме дека испораките на нафта во Унгарија не се обновени поради политичката одлука на претседателот Зеленски“, напиша Орбан на мрежата X.
Тој додаде дека Зеленски „тврди според Брисел дека нафтоводот не може да се рестартира“.
