Орце Камчев останува во Шутка – Судот ја одби гаранцијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Орце Камчев останува во притвор во затворот во Шутка, откако Кривичниот совет во Основниот суд ја одбил понудената гаранција од 2 милиони евра.

По оваа одлука одбраната на Камчев има право да поднесе жалба до Апелација, во рок од три дена, почнувајќи од вчера.

Гаранцијата на Камчев се состоела од 1,7 милиони евра, и 200 илјади евра во готовина.

Ваквото барање го соопшти адвокатот Еленко Миланов, кој рече дека Камчев треба да биде пуштен во куќен притвор, иако ставот на одбраната е дека тој треба да се брани од слобода со оглед на гаранцијата.

Судскиот процес за предметот „Плацеви на водно“ почна на 16. јули. Последните две рочишта се одложија. Следното рочиште е закажано за 10. септември.