Оштетен авионот на Реал Мадрид, одложено патувањето за Катар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Летот на фудбалерите на Реал Мадрид за Лусаил (Катар), каде што ќе се одржи финалето на Интерконтиненталниот куп, беше одложен поради оштетување на авионот.

Така играчите ќе мора да чекаат најмалку три часа поради проблем во багажниот простор.

Европскиот шампион и освојувач на европскиот Супер-куп во среда ќе играат против Пачука од Мексико.

Екипата во моментов е во потрага на нов авион со кој ќе летнат кон Катар.