Шеснаесетгодишното момче кое беше уапсено во врска со пукање и убиството на три лица во шведскиот град Упсала во вторникот е ослободено. Меѓутоа во меѓувреме три лица се приведени, соопшти денеска обвинителот задолжен за истрагата, цитиран од агенцијата Франс Прес.
Во нападот беа убиени три лица.
„Сомнежите против 16-годишникот беа отфрлени додека беше во пртивор. Тој повеќе не е осомничен“, изјави обвинителот Андреас Ниберг.
Во меѓувреме беа уапсени двајца мажи на 25 и 35 години, и потоа трет маж на 20 години.
