Министерот за надворешни работи Бујар Османи во дебатното издание „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека Бугарија бара од нивна страна да изјават дека Северна Македонија не се однесува на историската територија на Македонија.
„Преспанскиот Договор предвидува две форми на името на државата, Република Северна Македонија и скратено – Северна Македонија. Овие две форми на употреба на името на државата се предвидени за секаков вид на употреба. Бугарија упати протестна нота до Обединетите Нации (ОН) потенцирајќи дека не го прифаќа скратениот назив на државата Северна Македонија и ќе го употреби „ерга омнес“, односно подолгото име Република Северна Македонија, додека нашата држава не се декларира дека скратено не е поврзано и не се однесува на историската територија на Македонија“, истакна Бујар Османи.
Тој вели дека ова за нив не било толку јасно затоа што тие немат територијални претензии.
