Османи: Бугарија не треба да ја пропушти оваа шанса ако сака стабилен Балкан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Бугарија не треба да ја пропушти оваа шанса доколку сака стабилен Балкан, мислејќи на самитот на Европската унија што треба да се одржи во месец јуни.

„Имам чувство дека регионот доаѓа до критичка точка, кога се губи довербата дека регионот ќе се зачлени во Европската Унија. Во моментот кога ќе се постигне оваа точка, верувајте дека ќе биде проблем, ќе се отвораат многу теми кои се затворени за европската перспектива, уште од 2003. кога во Солун се носи одлука дека еден ден Балканот ќе се зачлени во ЕУ, тоа стана силно движење за регионот“, посочи Османи.

Шефот на дипломатијата додава дека „Бугарија мора да ја „грабне“ оваа шанса ако сака стабилен Балкан“.