Вршителот на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, го распушти Собранието и распиша предвремени парламентарни избори за 14 февруари.
Како што беше најавено, Османи издаде указ „врз основа на уставните одговорности и пресудата на Уставниот суд, како и по разговорите со парламентарните партии и Централната изборна комисија.“ Одлуката и наложи на Централната изборна комисија да ги преземе сите неопходни активности за организирање и одржување парламентарни избори. Косово, пренесува Бета.
Претходно денес, 16 дена по усвојувањето, Уставниот суд на Косово ја објави целата одлука со која го оцени како неважечки гласот на пратеникот Етем Арифи, за време на гласањето за формирање влада на премиерот Авдулах Хоти, и нареди распишување на предвремени парламентарни избори во рок од 40 дена. Судската одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник.
