Османи и Јанкулоска ќе сведочат за „Монструм“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот Бујар Османи и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ќе сведочат за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

Во разговорот меѓу обвинителката Фатиме Фетаи и таткото на една од жртвите, Горан Накевски, пред да започне судењето на „Монструм“, обвинителот вети дека ќе сведочат еден по еден оние кои се слушаат во „бомбите“, вклучувајќи ги и вицепремиерот Бујар Османи, и Гордана Јанкулоска.

Претходно за овој случај сведочеше и екс премиерот Зоран Заев.