Османи и Захариева немаат исти информации – Дали не поддржуваат или не сите земји членки на ЕУ?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стартот на преговорите на Северна Македонија со Унијата не го подржуваат сите земји членки и нема толкав ентузијазам за проширување во Балканот, тврди бугарската МНР, Екатерина Захариева.

„Не сите ја поддржуваат Македонија, да бидеме искрени. Нема толкав ентузијазам токму утре некоја земја од Западен Балка да стане членка на ЕУ. Кога ќе почнат преговорите, тогаш“, истакна Екатерина Захариева.

Но спротивното го вели министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи.

Шефот на дипломатијата смета дека Бугарија ја поддржува европската интеграција на регионот, ако не за нешто други, за нивниот геостратешки интерес.  Го повтори ставот на земјите членки дека билатералните прашања не треба да бидат дел и да го условуваат процесот. Прашан за американската поддршка кон Македонија за спорот меѓу Скопје и Софија, Османи изјави дека се добро што се случило во земјата од независноста, се случило со помош на САД.

„Јас очекувам со транзицијата на власта и поголем ангажман и од САД во правец на нашата поддршка, како што беше досега“, вели Бујар Османи.

Османи ова го изјави во промовирањето на поштенската марка за 25 годишнината на воспоставувањето на дипломатски односни меѓу нашата земја и САД. Онлајн присуствуваа американската амбасадорка, Кејт Брнс и помошник-државен секретар, Филип Рикер. Немаше можност за поставување на прашања, а ниту тие не го спомнаа јазичниот и историскиот спор кои и се прават на Македонија, меѓутоа Рикер во воведот на неговиот говор избра да зборува на македонски јазик.

По бугарското вето за Северна Македонија за почеток на разговорите, министерот за надворешни работи смета дека сега е време да седнеме и да размислиме за тоа што се случило и за пристапот и динамиката на понатамошните разговори што треба да продолжат. Очекува веднаш по новогодишните празници да продолжи комуникацијата со неговата колешка Захариева. Официјално, Софија сè уште не одговорила на нон-пејперот со предлогот на Северна Македонија за можно решение. Османи посочи дека источниот сосед сè уште го разгледува текстот. Ветото што се случи во ЕУ, според него, не смее да влијае врз односите меѓу двете земји и потрагата по решение.