Османи: Македонците имаат голема поддршка од Албанците во земјата, заедничкиот пат ни е ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 кадешто се разговара на актуелни теми, меѓу кои и за спорот со Бугарија.

Тој вели дека Македонците имаат голема поддршка од Албанците во земјата, а додаде и дека заедничкиот пат ни е Европската Унија.

„Како министер за надворешни работи, работам во интерес на државата, во интерес на сите граѓани на земјата. Добро е што, конечно Македонците гледаат како Албанците се лојални на државата“, истакна Бујар Османи

Тој додава дека Албанците им даваат поддршка на своите сограѓани Македонци.

„Албанците даваат поддршка на нашите сограѓани Македонци, затоа што сите заедно гледаме кон подобра иднина, односно кон ЕУ“, посочи Османи.