На прашањето за тоа што доколку не се најде решение за спорот и Бугарија остане на ставот дека не може да и каже „Да“ на Македонија, министерот за надворешни работи Бујар Османи посочи дека според него ова не е црно-бела ситуација и дека можат да разговараат и најдат заедничка точка на разбирање со цел да се продолжат разговорите по отворање на преговорите.
„Црно-белата варијанта би била или ќе правите тешки компромиси или нема да продолжите по патот. Мислам дека не е црно-бела ситуацијата, дека можеме и да разговараме и да најдеме заедничка точка на разбирање, да се продолжи со разговорите после отворање на преговорите, а сето тоа да биде во рамки на тие фундаментални правила на игра на Европската Унија и на односите меѓу државите“, порачува министерот Османи во „10 Минути“ на ТВ21.
