Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вчера гостуваше во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Со него разговаравме околу датумот за отпочнување на преговори со Европската Унија.
„Замислете, 10 часови траеше кризата во државата. Чекавме да видиме дали ќе падне Владата. Владата не падна, но тие 10 часа целиот фокус на големите ЕУ сили беше кон нашата земја. Нивниот интерес за Северна Македонија е голем. Сега сите работиме за добивање на датум за отпочнување на преговори“, порача Османи.
Тој вели дека мора да врши притисок насекаде, и во Брисел и во Скопје.
„Тоа е моја работа. Ние работиме на 14 декември да добиеме датум за отпочнување на преговори. Ако не биде тоа, може и на 15 декември, па може и на 16 декември Бугарија да го повлече ветото. Најкасно во јануари, очекувам да имаме нова Влада во Бугарија. Ние нашите обврски сме ги завршиле, но работиме сериозно сега на 14 декември да добиеме датум“, додава Османи.
