Османи: Најголемиот дипломатски форум во регионот ќе се одржи во Охрид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук најави дека на 1 и 2 јули во Охрид ќе се одржи како што рече најголемиот дипломатски форум во регионот, во негова организација.

„Најголемиот дипломатски форум во регионот, организиран од Министерството за надворешни работи, ќе се одржи во Охрид на 1 и 2 јули. Погледнете ги учесниците на www.pfd.mk
ПРЕСПА ФОРУМ ЗА ДИЈАЛОГ!
„Западен Балкан, делот што недостига за Европа да биде целосна!”“, напиша Османи.