Османи не видел, Груби молчи за „огнената група“ – дали ги поддржува и Зејди, исто како Кастриот Реџепи?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи тврди дека не ја следел прес конференцијата што вчера ја одржа неговиот сопартиец Изет Меџити, каде говореше за незадоволството на група од Интегративците кон владата, особено за ниските перформанси на Османи како министер и на Груби како вицепремиер. Велејќи дека не ја следел, Османи немаше став како портпарол на партијата во врска со вчера кажаното.

-Не ја следев, како партија немам некој коментар.“, рече Османи.

ТВ21 побара став и од вицепремиерот Артан Груби кој не ни одговори.
Вчера кога Меџити зборуваше за слабите перформанси на владата, на негова страна застана и пратеникот Кастриот Реџепи. ТВ21 го праша зошто учествувал на прес конференцијата на незадоволната група од ДУИ? Вели дека како пратеник на мнозинството се обидува да придонесе во секоја иницијатива која ќе донесе подобрување на перформансите на владата во реализација на капитални проекти во полза на Албанците и другите.

-Имајќи предвид дека резултатите можат да бидат подобри доколку се дејствува тимски, затоа содејствувам со моите колеги, пратеници од оваа област и општина од каде доаѓам и јас самиот. Драго ми е што во текот на овие процеси, во ниту еден момент не се стави под знак прашање ангажманот и ориентацијата на оваа влада за европските интеграции, што сум го докажал и јас лично со моите постапки во клучните моменти-рече Кастриорт Реџепи.

Но како размислува независниот пратеник, Скендер Реџепи. Го прашавме дали и тој ги поддржува ставовите на Меџети за работата на владата. Рече дека има доволно простор за критики за реализацијата на програмата, вклучувајќи ја тука и Алтернатива, додавајќи дека тоа се крупни точки за кои треба да се одржи поголема дебата.

ТВ21: Вие лично дали ги поддржувате и дали сте со истиот став како Меџити за нереализираните проекти на Владата?
-Јас повторувам, сметам дека е внатрешен проблем на ДУИ и дека тие не ги разјаснуваат меѓу себе прашањата, не треба да се мешаме во нивни внатрешни прашања. Тоа што го кажав е индикативен факт а тоа е дека токму нивната група е причина што цела влада бара проширување со Алијанса. Јас ги поддржувам само ставовите за кои сметам дека навистина се факти од владата и се слабости и недостатоци на оваа влада-рече Скендер Реџепи.

Инаку вчера, потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити заедно со дел од централното раководство на партијата излезе на прес конференција на која упати критики до Владата особено до министрите на ДУИ, за нереализирани ветувања.