Османи: Недобивање на датум нема да донесе дестабилизација, но стравувам од „ново грчко сценарио“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не добивањето на датум за почнување на преговори со ЕУ нема да донесе дестабилизација, но, како што вели, стравува од ново грчко сценарио.

„Најголемиот страв е да не влеземе во ново грчко сценарио, а тоа е да влеземе во замрзнат конфликт со Бугарија. Ова да стане нова нормалност во нашите односи“, вели Османи.