Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, денеска одржа прес-конференција по објавувањето на новата методологија од страна на Европската комисија.
„Денеска е многу важен ден по октомвриското разочарување. Ова е добра основа за враќање на кредибилитетот на Западниот Балкан затоа што се предвидени неколку чекори за финализирање на овој процес“, рече Османи по денешното презентирање на новата методологија за почнување на преговорите.
Европската комисија излезе со новата метологија, а како што најави комесарот за проширување Оливер Вархеи, ќе биде изнезен дополнителен извештај за новите апсекти и напредувања на земјава.
