Министерот за надворешни работи Бујар Османи е гостин во вечерашниот дебатен магазин „Клик Плус“ на ТВ21, каде се разговара за актуелни теми, меѓу кои и зачленувањето на земјата во Европската Унија.
Тој посочи дека Македонците и Албанците, рака под рака, заеднички чекорат кон Европската Унија и кон подобрата иднина.
Османи вели дека солидаризацијата од страна на Албанците кон нивните сограѓани Македонци, покажува дека заедно можат да ги поминат сите пречки кои престојат кон подобрата иднина, односно кон зачленувањето во Европската Унија.
