Османи: СДСМ – ДУИ можна соработка за локалните, Мицкоски им прати услови на АА-ААА

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи истакна дека меѓу СДСМ и ДУИ е можна соработка за локалните избори кои треба да се одржат на есен.

Тој порача дека и дека во општините со албанско мнозинство ДУИ води убедливо.

„Во општини со албанско мнозинство ДУИ води убедливо… Да, можно е да имаме соработка со СДСМ во одредени општини, тоа на крај ќе одлучат партиските лидери“, вели Османи.

За тоа дали ќе има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и АА-ААА, Османи вели „нека размислат албанските опозициски партии дали ќе играат по нотите диктирани од Мицкоски“