Османи: ВМРО не може да го реши проблемот со Бугарија затоа што си ги врзаа нозете со своите зборови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговаравме околу спорот со соседна Бугарија.

Според Османи, ВМРО-ДПМНЕ не може да го реши овој проблем затоа што си ги „врзале нозете“ со своите зборови и реторика.

„Не мислам дека ВМРО може да го реши проблемот со Бугарија затоа што си ги врзаа нозете со своите зборови. Не дека тие се партиоти, а овие се предавници. Јас знам за што преговаравме, за што разговаравме, ВМРО толку многу пропаганда направија во својот табор за оваа тема што си ги врзаа нозете за утре да можат да го решат овој проблем. Сите сме свесни дека ВМРО во овој момент не може да го реши овој проблем, ќе се измеша и себе и државата и Владата. Не е време за тоа“, порача Османи.