Министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес конференција денеска посочи дека во моментов на терминалите на аеродромот во Кабул нема наши граѓани кои чекаат да бидат евакуирани.
Според него, во базата на НАТО се наоѓаат уште 14 македонски државјани, од кои 11 наскоро ќе бидат евакуирани, додека пак 3 ќе останат да ги вршат своите работи.
„Во НАТО базата во Кабул, која е буквално залепена до аеродромот, се наоѓаат уште 14 наши државјани. Според последните информации, 11 од нив наскоро треба да бидат ставени во планот за евакуација, а само уште тројца наши граѓани остануваат да ги вршат своите обврски во базата и ќе бидат евакуирани заедно со војската“, порача Османи.
