Османи заминува во Брисел! Средби за европската перспектива и случувањата во земјава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Демократската унија за интеграција соопшти дека потпретседателот Бујар Османи ќе отпатува во Брисел во дводневна посета. Како што информира ДУИ, Османи се очекува да се сретне со претставници на Европската комисија, Европската служба за надворешно дејствување, како и со европратеници, при што во фокусот на разговорите ќе бидат европската перспектива на земјата и последните случувања во државата.

„Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, ќе престојува во дводневна работна посета во Брисел, каде што ќе оствари низа средби со претставници на Европската комисија, Европската служба за надворешно дејствување на ЕУ, како и со европратеници.

На овие средби ќе бидат отворени прашањата поврзани со европската перспектива на земјата, но и последните случувања што се однесуваат на влошувањето на меѓуетничките односи и нарушувањето на основните принципи на Охридскиот мировен договор“, соопштија од ДУИ.