Основците учат од искинати книги – директорите не побарале учебници од Министерството

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Учениците од основните училишта учат од исчкртани и искинати учебници. Учениците од ОУ „Јашар Беј Шкупи“ велат дека им недостигаат повеќе книги, а оние кои ги имаат се оштетени. Поради тоа, учат од фотокопирани материјали. 

Ученик: Еве видете каква е книгата по англиски, оваа мојата е по албански јазик. Книгата по албански јазик ја немаат многу ученици, само неколкумина ја имаат.
-Не ви даваат други книги?
Ученик: Не, треба да ги фотокопираме. Бараат ние самите да ги фотокопираме, не наставниците.
-Вие самите да ги копирате?
Ученик: Да. Еве оваа е искината. Имаме и други, но дома ни се.
-Дали можете да учите од вакви книги?
Ученик: Да, помалку.

Дел од учениците пак, воопшто немаат книги по некои предмети.

Ученик: Многу книги недостигаат.
-Кое одделение си ти?
Ученик: Осмо.

Но, директорот на ОУ „Јашар Беј Шкупи“, Рахим Максути, вели дека нема искинати книги, туку дека само има недостиг на учебен материјал по неколку предмети.

„Не значи дека е вистина ова што го велите околу искинати книги, бидејќи на секој почеток на учебна година им ги распределуваме на учениците. Точно е дека недостигаат одредени учебници, но наставниот процес се одвива во најдобар ред. Некои книги чекаме да пристигнат од Министерството, а некои ги добивме вчера“, посочи Рахим Максути.

Освен што не верува дека има искинати книги, директорот не го информирал градоначалникот дека има недостиг на учебници.

„Ваква информација нема пристигнато до нас. Одржав редовен состанок пред да започне образовно-едукативниот процес и со сите директори се договоривме дека сѐ е во ред“, истакна Висар Ганиу.

И министерката Царовска вината им ја префрла на директорите на училиштата. Како што вели, колку учебници побарале, толку им биле испорачани.

Во речиси сите основни училишта има дефицит на учебници по албански и македонски јазик, географија, историја, англиски и германски.