„Немаме за што да дебатираме. Заврши!“
Тројцата од четирите кандидати за ректор на ТУ се повлекоа од трката. Миќереме Руси, Башким Зибери и Дервиш Алими излегоа со заедничка одлука образложувајќи дека професорите се соочуваат со големи политички притисоци за да гласаат за единствениот кандидат кој остана, Јусуф Зендели, за кого велат дека неговиот избор е наместен.
„Тенденциозните промовирања на програмите на кандидатите пред академскиот кадар, отворено се произнесоа со акламација за еден од кандидатите, разните притисоци преку академските единици, честите посети на факултетите на против кандидатите од страна на претседателот на сенатот и в.д. ректор, да уценат и да го промовира омилениот кандидат, се до индивидуалните повици на наставниците, вршејќи различни форми на притисок. За да биде трката уште побесмислена тука ги додаваме и политички притисоци врз професорите, поточно нивните семејства. Понатамошното учество на оваа трка само би го легитимирал овој процес кој е се освен слободна академска трка“, вели Башким Зибери.
Тројцата повлечени кандидати бараат од МОН разрешување на претседателот на сенатот, Вулнет Ахмети, и членовите на сенатот, разрешување на в.д. ректор, Куштрим Ахмети и потоа да се избере в.д. аполитичен ректор со цел да се реализира процесот на избор на новите органи. Но министерот Јетон Шаќири изјави дека немаат право да се мешаат во внатрешните избори на универзитетите, но додаде дека на терен е инспекторатот кој го следи процесот.
„Денеска претпладне реализирав средба со Инспекторатот за образование и наука. Во ниту еден член на Законот не пишува дека Министерството не може да се вклучува во автономијата на изборниот процес на еден универзитет но има право да формира комисија за да ги потврди. Влијанието и притисоците врз академскиот кадар, гласањето не е отворено. Гласањето е тајно. Ако како општество сме стигнале до таму за да вршиме притисоци и врз највисокото академско ниво, универзитетските професори да прифатат притисоци во кампањата на изборниот процес, јас тоа би го сфатил како општествена феномен“, вели Јетон Шаќири.
„Процесот за избор на ректор се одвива нормално од причина што до моментот на подготовка и доставување на изборниот материјал до академските единици, повлечените кандидати биле вклучени и сертифицирани во овој процес. Како што знаете, кандидатите кои веќе се повлекле ги претставија своите програмски платформи, учествуваа во јавни дебати и се придржуваа до агендата на овој процес“, велат од ТУ „Фадиљ Сулејмани“.
Од ТУ додаваат дека Комисијата ќе го спроведе изборниот процес согласно законот, статутот, насоките и утврдениот календар.
