Британецот Пол Дојл (53) се соочи со судот во Ливерпул по обвиненија за опасно возење и намерно нанесување тешки телесни повреди, откако со автомобил влета во толпа за време на прославата на шампионската титула на Ливерпул.
Инцидентот се случи во понеделникот попладне, а во несреќата беа повредени 79 лица – четворица потешко, меѓу нив и едно дете. Возраста на повредените се движи од 9 до 78 години.
Дојл денеска се изјасни за невин пред Судот за прекршоци во Ливерпул. Тој се соочува со седум обвиненија, меѓу кои и опасно возење и намерно нанесување тешки повреди. Според полицијата, нема индиции за терористички мотив, но причините за нападот сè уште се непознати.
Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува максимална казна доживотен затвор.
