Уставниот суд останува со уште еден судија помалку, откако денеска Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе неотповиклива оставка.
Оставката е доставена до претседателот на Собранието Африм Гаши, а пратениците веднаш биле известени.
Со заминувањето на судијката, Судот од утре ќе брои само седуммина судии.
Ова дополнително ја продлабочува кадровската криза, по минатогодишното разрешување на Елизабета Дукошкa, за чиј избор наследник и понатаму нема решение.
Неофицијално, Дабовиќ-Анастасовска си заминува од лични причини и се враќа на универзитетската кариера на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Од Уставниот суд предупредуваат дека намалениот состав веќе го отежнува одлучувањето и може да отвори сериозни проблеми во функционирањето на институцијата.
