Осуден убиец по грешка пуштен од затвор во Џорџија, па уапсен две недели подоцна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Осудениот убиец, кој по грешка бил ослободен од затвор во Џорџија, бил фатен две недели подоцна во Флорида, соопшти американската полиција.

Со тоа заврши периодот на страв за семејството на неговата жртва од градот Орландо, кое стравуваше дека тој може да им се одмазди поради нивното сведочење на суд, пренесува АП.

Убиецот Кајтан Гузман (22) беше осуден на доживотен затвор откако призна дека ја задавил својата 19-годишна девојка Делила Грејсон, која беше пронајдена мртва во када во август 2022 година.