Осум дилери на дрога приведени вчера во Кавадарци – денеска пред судија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Во текот на вчерашниот ден имаше  приведувања на територијата на Кавадарци.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски денеска рече дека приведени се осум лица за нелегална трговија со дрога.

-Запленето е марихуана, хашиш и кокаин и во текот на денешниот ден овие лица се изведуваат пред судија на претходна постапка за соодветно да бидат санкционирани, изјави Ангеловски во Кавадарци.