Авион со медицинска опрема денеска по експлозија се урна на аеродромот Манила на Филипините, при што загинаа осум лица.
Според информациите, авионот ИАИ Вествинд, наводно, бил ангажиран од филипинската влада за да се евакуира болен пациент во Токио.
#developing RP-C5880, an aircraft chartered by Philippine Department of Health, crash-landed/overshot the runway at MNL (NAIA). Reports say its carrying medical supplies. #COVID19 #SARS_COV_2 pic.twitter.com/peqgwiBJFl
— MikeGo (@MikeGo6671) March 29, 2020
Авионот RP-C5880 откако полетал од меѓународниот аеродром „Ниној Аквино“ во Манила, се запалил, а потоа се урнал.
Според локалниот известувач Декстер Кабала, авионот носел екипа од осум лица, вклучувајќи три медицински лица и еден пациент. Аеродромските власти подоцна потврдија дека никој во авионот не преживеал.
Не е познато дали пациентот бил заразен со коронавирус.
Пред неговата трагична несреќа, авионот направил серија летови кои носеле медицински материјали низ островите на Филипините и во Јапонија, Тајланд и Тајван. Фотографијата објавена на фејсбук-страницата на Министерството за здравство претходно оваа недела покажува дека здравствените работници го товарат авионот со кутии со материјали.
На Филипините досега се регистрирани 1.418 случаи на коронавирус. Министерството за здравство на земјата денеска соопшти дека 343 нови случаи биле потврдени преку ноќ. Од болеста досега починале 71 лице.
