Осум лица загинаа во пожар на пазар во северната кинеска провинција Хебеј, објави Ројтерс.
Најмалку 15 лица биле повредени.
Властите ги истражуваат причините за пожарот во градот Ќенгјаку, кој беше изгаснат за помалку од еден час откако избувна во 8:40 часот наутро по локално време.
Овој пазар е отворен 2011 година, а покрај овошје и зеленчук, на него се продаваат и електронски уреди, пренесува Ројтерс.
ФОТО: Архива
