Добитник на лотаријата „Пауербол“ во Кентаки, кој освои џекпот од 167 милиони долари, е уапсен и обвинет за напад врз полицаец од Флорида, неколку дена откако ја освоил наградата.
Џејмс С. Фартинг (50), минатата недела дознал дека го освоил најголемиот џекпот во историјата на државата Кентаки, соопшти лотаријата на Кентаки, додавајќи дека Фартинг и неговата мајка ја делат добивката, пренесува АП.
Сепак, Фартинг се најде во затвор во Флорида до средината на неделата поради напад врз полицаец и отпор при апсење.
Локалните медиуми објавија дека заменик-шерифот на округот Пинелас се обидувал да го уапси Фартинг, но не успеал.
„Полицаецот му рекол на Фартинг да се сврти и да ги стави рацете зад грб, но Фартинг се обидел да избега“, се вели во полицискиот извештај, додавајќи дека Фартинг бил приведен во среда наутро и останал во притвор до петок.
Фартинг во понеделникот отишол во седиштето на Лотаријата во Кентаки, заедно со неговата мајка, Линда Гризел, за да ја подигне добивката.
