Италијанските власти објавија дека се откажува карневалот во Венеција откако земјата стана првата земја во Европа во која двајца граѓани починаа од коронавирус. Покрај карневалот, суспендирани се и сите други активности најмалку една недела, пренесува Еуроњус.

Затворањето на фестивалот дојде откако десетина градови во северните региони Ломбардија и Венето беа ставени во карантин, откако бројот на заразени со коронавирус се искачи на 132.
Италијанските власти во неделата соопштија дека уште една жртва, 75-годишна жена од Ломбардија, исто така починала откако маж (78) од Венето починал во петокот вечерта.
