Откупната цена на млекото е три пати пониска од продажната, кој тука профитира? Одговара Николовски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Откупната цена на млекото е три пати пониска од продажната, кој тука профитира?

На ова прашање во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Тој вели дека доколку соодветните институции го утврдат тоа, треба да се постапи.

„Меѓутоа ние не сме надлежни да го контролираме тој дел, ние сме надлежни да ги креираме политиките во делот на финансиската поддршка“, вели Николовски.