Членовите на Националното собрание на Јужна Кореја гласаа за смена на претседателот Јун Сук-Јол поради неговиот обид да наметне воена состојба, пишува Гардијан.
Националното собрание го усвои предлогот откако 204 пратеници гласаа за, а 85 против.
Според медиумите, претседателските овластувања и должности на Џун Сук Јеол ќе бидат суспендирани откако копии од документот за неговото разрешување ќе бидат доставени до Уставниот суд.
Судот има до 180 дена да одлучи дали ќе го смени Јеол од претседателската функција или ќе му ги врати овластувањата.
Доколку биде сменет, националните избори за негов наследник мора да се одржат во рок од 60 дена.
