Нова современа фабрика за одгледување канабис за медицински цели и за финални медицински производи на база на канабиноиди денеска е свечено отворена во општината Петровец, во индустриската зона Ќојлија.
Се работи за гринфилд инвестиција на компанијата „NYSK Holdings“. Производите на новата фабрика ќе се пласираат на странските и на домашниот пазар.
На отворањето на фабриката, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, полскиот амбасадор во земјава Војчех Тичињски и Златко Кесковски, извршен директор на PHCANN и NYSK Holdingс.
Предвидена е и посета на фабриката во строго определени услови, согласно здравствените протоколи.
